Три скопски општини ќе доделуваат субвенции за млади лица наменети за полагање на возачки испит.
Станува збор за Центар, Карпош и Кисела Вода.
Општина Центар во февруари распиша Јавен повик за доделување субвенции на младите жители на општината за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на Центар. Овој повик е отворен на 25 февруари 2025 година и ќе трае до исцрпување на средствата од општинскиот буџет, најдоцна до 31 декември 2025 година.
Општина Карпош објави јавен повик за избор на авто школи преку кои младите лица ќе може да добијат обука. Право на пријавување имаат сите заинтересирани правни лица регистрирани во дејноста која ја опфаќа деноста на овој јавен повик.
И општина Кисела Вода воведува финансиска поддршка во висина од 10.000 денари, наменета за сите матуранти од генерација 2025 година кои ќе се запишат или веќе се запишале на обука за теоретски и практичен дел во некоја од лиценцираните автошколи, почнувајќи од 1 јануари 2025 година. Оваа вест на социјалните мрежи ја објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.