Кои три хороскопски знаци се најголеми заводници?

Велат дека нема ништо позабавно од слаткиот, невин флерт. Сепак, има луѓе на кои ова ептен им оди од рака, а астролозите велат дека на оваа способност големо влијание има и хороскопскиот знак. Овие три хороскопски знаци ги рушат сите рекорди во заведување!

Лав

Освојуваат суптилно и со многу фантазија. Ќе ви пријдат полни со самодоверба, со неодолив шарм и со насмевка која ќе ја осветли цела просторија. Лавовите имаа многу познаници и не може да ви биде досадно со нив. Тие ќе ве третираат како да сте најважни на свестот, а машките Лавови се познати и како големи џентлмени, кои уште ги негуваат манирите кои ние колективно ги имаме подзаборавено. Припадниците на овој знак не сакаат да губат и секогаш одат на победа. Заведувањето за нив е нешто повеќе од гимнастика, тие уживаат во секој чекор од освојувањето, па дури и уште поинтересно им е кога треба малку повеќе да се помачат околу некого. 

Скорпија

Кога Скорпиите влегуваат во просторија, сите ги забележуваат. Тие освојуваат со поглед и без допир, а кога ќе го изберат „пленот“, тогаш освојувањето е многу кратко. Нив од рака им оди и невербалната комуникација и често ја користат додека ве слушаат како зборувате за себе. Не сте ни свесни дека Скорпијата уште од почетокот на вечерта ве избрала за партнер, а веќе сте во нивна прегратка. И ви се допаѓа тоа.

Близнаци

Тие имаат интересен пријателски пристап, кој всушност, речиси секогаш ја завршува работата. Духовити, шармантни, но и образовани, Близнаците се толку забавни, што со часови можете да разговарате со нив. Имаат неверојатна харизма со која едноставно ги привлекуваат луѓето околу себе, многу се позитивни и учтиви и никогаш нема да ви биде непријатно со нив.