Кои три хороскопски знаци ќе бидат најпогодени од ретроградниот Меркур?

Уште во првиот и вториот месец од 2021 година се соочуваме со ретрограден Меркур: од 30 јануари до 20 февруари. Кога моќниот Меркур е ретрограден, можеме да очекуваме предизвици во полето на комуникацијата, патувањата, технологијата и остварување на плановите. Сепак, доколку останете свесни во сегашниот момент, без да се преоптоварувате со мисли и неизвесности за иднината, можност е да излезете посилни од овој период, подготвени за нови животни победи.

Ретроградниот Меркур се случува истовремено и кога шест различни планети влегуваат во Водолија, што значи дека работите ќе се развиваат многу побрзо отколку што мислиме...

Еве кои три знаци ги очекуваат предизвици и ризици за време на ретроградниот Меркур.

БИК

Ретроградниот Меркур ќе има особено силно влијание во вашата кариера. Можни се доцнења, пропуштени рокови и незавршени проекти, како и предизвици во комуникацијата со колегите и надредените. Наместо да носите нагли одлуки и потези, искористете го ова време за повторно да размислувате за вашите идеи и да го прочистите вашиот план од недостатоци. Негувајте самодоверба и бидете внимателни, а доколку вложите труд, сè ќе си дојде на свое место. 

ЛАВ

Лавот го очекува напнатост во полето на емотивните врски. Можни се турбуленции во љубовта, а расправиите од минатото можеби повторно ќе излезат на површина. Обидете се објективно да ја анализирате ситуацијата и контролирајте ги негативните чувства. Без оглед на сите околности, најдобро ќе го решите овој предизвик ако научите како да го сослушате партнерот во текот на разговорите. Подобро е веднаш да се соочите со проблемите наместо да ги заташкувате. 

СТРЕЛЕЦ

Предизвиците во комуникацијата можат негативно да влијаат на вашиот социјален живот. Внимавајте на зборовите кои ги изговарате и како се обраќате на драгите луѓе. Брзоплетоста е вашиот главен непријател во овој период. Размислете пред да кажете нешто, затоа што можни се конфликти во овој период. Пронајдете го внатрешниот мир и комуникацијата ќе се подобри.