Кои се последиците кај децата по прележан Ковид-19?

Коронавирусот го стресе светот во 2020 година, кога во светски рамки се прошири со светлосна брзина и одзеде милиони животи.

На почетокот од пандемијата, лекарите, беа убедени дека вирусот ги напаѓа само постарите групи на граѓани и е закана само по нивното здравје, но искуството со пандемијата и процентот на заболени млади луѓе и деца го покажа спротивното.

Од почетокот на пандемијата, па се до овој момент, околу 20% од вкупниот број на позитивни случаи во светот се деца, па така неизбежно е прашањето, со какви здравствени проблеми може да се соочат детските организми по прележан Ковид?

Токму на оваа тема, порталот Деца.мк разговараше со доктор Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар.

„Компликациите се помногубројни доколку станува збор за организми кои се со доста присутни коморбидитети. Искуството кај децата покажа дека посебни покомплицирани последици, со емпириска и научна основа и анализа, не се докажаа. Секако дека децата што имаа одредени заболувања поминаа со потешка клиничка слика, но и процентот на летални случаи кај децата никогаш не се покачи во споредба и со светската инциденца, а кај нас дури можам со сигурност да кажам дека имаше само неколку случаи со летален исход, што означува дека децата беа навреме заштитени и дека поминаа со лесна проблематика“, објасна докторот за порталот Деца.мк. 

Во неговото интервју на оваа тема, тој истакна дека кај децата мора да се обрне големо внимание на менталното здравје, имунитетот и доколку дететот јави симтоми на овој вирус, веднаш да биде тестирано со цел да му биде пружена соодветна нега од стручни лица.

Целиот разговор поврзан на оваа тема може да го прочитате на порталот на Деца.мк со клик на овој линк.