Кои се негативните страни на новите врски?

Најчесто слушаме за убавите страни на започнувањето нова врска. Се е интересно, се е ново, се е прво. Прв бакнеж, прв состанок, прв танц... Но, не е секогаш се толку розево. Има одредени работи кај новите врски кои сите би сакале да ги прескокнат затоа што се непријатни и засрамувачки, а некои од нив влијаат врз понатамошниот тек на врската.

Прочитајте кои се тие:

1. Запознавањето со пријателите и семејството

Уф, ова сите би сакале да го прескокнат. Очите кои внимателно ве набљудуваат, проценуваат. Вам ви е срам, се препотувате, се трудите да бидете што е можно пошармантни. Покрај тоа, знаете дека ќе бидете предмет на разговор во наредните неколку дена. Уф!

2. Дефинирање на врската

Ова е еден од најчудните моменти, посебно во првиот месец. Само што сте почнале да излегувате и технички знаете дека сте во врска, ама и не сте баш сигурни дали и другата страна го има истото чувство или мисли дека тоа е само зафркавање и обично излегување. И тогаш некако мора да го направите муабетот. А толку не го сакате тој муабет.

3. Првата кавга

Ова е најнеизбежното. На почетокот и двајцата се секогаш што е можно пофини и подобри, но еднаш тиквата ќе пукне и ќе мора да се испокарате. Но, убавото е откако ќе помине се.

4. Вметнувањето во секојдневниот распоред

Треба време додека се навикнете дека имате уште една личност во вашиот живот. Треба време да си направите простор во вашето секојдневие за нова личност, а тоа понекогаш може да е напорно.

5. Борбата да се зачува сопствениот идентитет

Понекогаш навистина треба да се бориме да останеме свои и да не се претопиме во другата личност. И се работи на вистинска борба. Ако успеете да ја добиете битката, ќе имате многу убава врска.

6. Отфрлањето на одбранбениот механизам

Ова е можеби и најстрашно. Да бидете емотивно голи пред некого, без ѕидовите, без стравовите. Едноставно само да бидете вие и вашата љубов. 

7. Зборувањето за вашето љубовно минато

Самата помисла ви го згрчува стомакот. Многу е тешко да раскажувате такви работи, а да не звучите премногу пристрасно и секако се плашите да не бидете погрешно сфатени.

8. Кога ќе ви текне дека и другата страна има свое минато

И не можете да се одлучите дали сакате да знаете за минатото или не. Незнаењето е благослов во случајов или сепак не?

9. Првиот пат кога ќе го претставите како ваше момче/ваша девојка

Има некоја тензија и непријатност која не знаеме како да ја објасниме. По некое време се навикнуваме и е нормално, ама првиот пат кога ќе речете: Ова е моето момче/мојата девојка, се е чудно.

10. Првиот пат кога ќе бидете ранливи пред него/неа

Гордоста, егото, желбата секогаш да бидеме слатки и фини, како и нашата цврста надворешност еднаш ќе мораат да пукнат. И тоа е човечки. И тоа е сосема нормално. Ќе ве зближи уште повеќе, но првиот пат е навистина страшно.

new nike air max 2019