Кои се најважните фактори при изборот на клима уред и како да го избереме најдобриот?

Сите го сакаме летото, но кога би можеле да бидеме покрај плажа или под голема сенка.

Но, во денешното модерно живеење со покачените температури, тешко е да се функционира на високите температури и не можеме да си замислиме дом без клима уред. Во поголем дел од нашата држава, а особено во главниот град,  температурите се високи во текот на денот и ноќта, па затоа клима уредот веќе не претставува луксуз туку вистинска потреба. Освен тоа, во текот на зимата, нивното користење се покажува како најдобрата опција меѓу повеќето алтернативи, особено за граѓаните кои посакуваат топол дом во текот на целиот ден, но со значајна енергетска заштеда. 

Со големата побарувачка постои и голема понуда на пазарот, па тешко е да го најдеме соодветното решение. Но, на што треба да обрнеме внимание кога избираме клима уред за својот дом?

  • Докажани технологии кои се потврдени од корисниците
  • Гаранција
  • Можност за ладење и греење
  • Заштеда на електрична енергија
  • Контрола на уредот од нашите смарт телефони

Затоа и тргнавме во потрага по уред кој ги задоволува горенаведените критериуми. По долгата анализа и истражувања, сметаме дека го имаме победникот. 

Vivax H+ Design уредот е опремен со најнова технологија за енергетска ефикасност, со што се постигнуваат значителни заштеди на електрична енергија. Овој фактор е еден од најважните во услови на раст на цените на електричната заштеда. Тоа помага да се има пријатна температура во текот на летниот период, без високи сметки за електрична енергија. Кога станува збор за овој уред, А+++ енергетската класа во ладењето и енергетската класа А++ во греењето го потврдуваат тоа. 

За сите оние кои освен современата технологија внимаваат и на естетиката во домот и посакуваат уникатен стил, овој уред преставува иновација на пазарот, со својот текстилен дизајн на внатрешна единица, за кој му е доделена и наградата RedDot. Тоа што е фасцинантно за овој клима уред се трите бои – класично бела, златна и сребрена боја, кои можат да се вклопат во секој ентериер и сечиј вкус. 

Но, она што ни остави особен впечаток е иновативното движење на крилата од 180° која овозможува воздухот да тече во хоризонтална и вертикална насока што значи дека никогаш не го чувствуваме директниот проток на воздух директно во нас. Ова е особено корисно за  сите ние кои не го поднесуваме директното дување на климата кон нас, кое често предизвикува болки во грлото, грбот, главоболки и затнат нос. Особено важно е и за оние не живеат сами и го делат  домот со своите блиски, каде секој  има различни очекувања од клима уредот. Така, ова е неверојатно решение со кое се избегнуваат дискусиите и конфликтите кои се чести кај клима уредите кои ја немаат оваа карактеристика.

Истражувањата покажуваат дека секоја трета личност е алергична на прашина или полен, па затоа исклучително важно е да се напомене дека системот за филтрирање Bio HEPA ги отстранува честичките до РМ 0,3 во воздухот како и другите штетни материи, обезбедувајќи свеж, чист и здрав воздух. Јонизацијата ги отстранува алергените и штетните честички од воздухот, како прашина, полен, бактерии и вируси што е важно за оние кои страдаат од алергии, астма и слични заболувања. 

За сите оние кои се соочуваат со многу обврски и стрес во денот, мораме да напоменеме дека сме фасцинирани од дополнителни две функционалности на овој клима уред – WI-FI контролата, односно можноста за контрола од нашиот паметен телефон кога не сме дома (уште една можност да се постигне енергетска заштеда) и минималната бучава до 18,4 dB, која е важна особено во текот на ноќта кога посакуваме мирен и пријатен сон.

За крај би сакале да ја напоменеме гаранцијата од 60 месеци, која доаѓа во комбинација со задолжителна монтажа и задолжителен годишен сервис, што е последниот многу значаен фактор кој влијаеше на нашиот избор. 

Имајќи ги предвид сите фактори кои ги напоменавме погоре во текстот, за нас не постои дилема околу изборот на клима уредот кој му е потребен на нашето семејство, не само во летото, туку во текот на целата година.