Кои се најчестите стравови во љубовните односи?

Кога станува збор за љубовта, секој од нас има некаков страв на почетокот, особено ако претходно сме се соочиле со некакво лошо искуство.

Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash

Некои од нас се плашат од тоа да ја изгубат слободата. Не сакаат да се во врска каде ќе се чувствуваат ограничени. Други пак се плашат од тоа да бидат со личност која е љубоморна и посесивна, а а трети дека нема да бидат сакани онолку колку што ќе го сакаат својот партнер.

Но, она што е заедничко за сите овие стравови сме самите НИЕ.

Некои од нас ја отфрлаат љубовта дури и пред да и дадат шанса, бидејќи се сигурни дека работите ќе се распаднат како што можеби се случило претходно. Ниту за ова, ниту за погореспоменатите работи, не е виновна другата личност.

Стравот во љубовните односи најчесто е резултат на нашите минати искуства, но и од тоа што многу често кога сме повредени, наместо да се соочиме со болката, ние ја туркаме под тепих, а таа потоа излегува на површина кога ќе сретнеме нова личност. Мислиме дека тоа ќе биде исто како и претходно, но ниту една личност и ниту едно искуство не е сосема исто на претходното. Единственото исто нешто сме НИЕ.

Љубовта е често страшна бидејќи таа значи сакање, почитување, вложување време труд и енергија. Но, не треба да си дозволиме претходните искуства да бидат наша кочница да сакаме. 

Затоа, важно е да обрнеме внимание на другата страна – како се поставуваат кон нас, какви се во текот на ноќта, какви се кога сме сами, какви се кога сме меѓу други луѓе, какви се со нас кога сме среќни, а какви кога сме тажни и повредени. Дали дозволуваат чувствата да згаснат по само неколку денови или недели или пак навистина сакаат да нè задржат во својот живот? Штом дојдеме до одговор на овие прашања, ќе можеме полесно да се препуштиме и да сакаме, а со тоа и да се ослободиме од стравовите кои често нерационално постојат во нас.

За некои луѓе вреди да се обидеме!