Кои работи се бесплатни во животот?

Колку се наплаќа претплата за пеењето на птиците?

Колку чини воздухот пресметано во денешни пари?

Дали ладовината под дрвото се наплаќа на час или на метар?

Дали цената на сонцето е иста и во лето и во зима?

Дали за цвеќето посебно се наплатува за гледање, а посебно за мирисање?

Колку време е потребно за да се изгради планина со средна големина?

Дали е реката поевтина на изворот или на нејзината утока?

Извинете, колку плативте за ова што се родивте?

Што е бесплатно?

Само она што е најголемо, најубаво и најважно.

Душко Радовиќ