Кога животот ти дава втора шанса: Приказната за чичко Љубе ќе ги стопли вашите срца

Сигурно сите се сеќавате на чичко Љубе од Рекорд и неговата тажна приказна. Тој несебично се грижи за кучињата скитници со кои покрај истата судбина, несебично гo дели и лебот. Оваа тажна приказна денеска доби среќен крај и уште посреќен почеток.

„За овој добар човек денеска се случи чудо, а за сите нас голема радост и среќа“ – сподели на социјалните мрежи Наташа Стоилковска познат активист за заштита на животните.

На чичко Љубе му се насмевна среќата и благодарение на Наташа од денес тој има пристојна работа и комплетно нов изглед.

Да, добриот чичко Љубе, легендата од Рекорд ќе работи како чувар на Lounge Bar Katana, ќе има редовен оброк и ќе биде осигуран.

Секоја чест за Наташа Стоилковска и уште неколку хумани лица, а на чичко Љубе му посакуваме среќа во новиот почеток.