Кога животот ќе те удри...

Кога животот ќе те удри, ти облечи ги неговите чевли и продолжи да одиш. 

Кога животот ќе се полие со канта вода, избриши се и следниот пат облечи кабаница. 

Кога животот ќе те удри со цигла, земи ја и искористи ја како градежен материјал.

Кога животот ќе ти подари искинат капут, ти зашиј го и облечи го.

Кога животот ќе ти затвори врата, ти отвори прозорец.

Кога животот ќе ти затвори прозорец, ти отвори ја фиоката на твојата душа. 

Кога животот во рингот ќе те собори на под, стисни заби, крени ја главата, исправи се и продолжи понатаму.

Кога животот ќе те скрши на мали парчиња, земи ги скршените парченца и почни повторно да ги составуваш, сѐ додека повторно не ја добиеш сликата на твојот живот.

Кога животот ќе те оттурне, ти сепак прегрни го.