Кога живееш во зграда...

Кога живееш во зграда...На комшијата од приземје не му треба лифт, на комшивката од втори не е и треба санација на покривот....Еве една година никако да светне светло во влезот, се вадат листи кој колку должи ама џабе изгледа на некои луѓе убаво им е кога до 5-ти се качуваат со светилка во рака. Едноставно нема разбирачка, како да ми објасниш дека струјата во влезот е за општо добор на сите станари.

Пред некој ден ме сретнува комшивката од 4-ти и ми раскажува:

 „Добро бре па како не ми е срам на овие до мене целиот шут со вреќи пред врата им стои, па и тој горе реновира, а целиот смет на треаса го остава, па да не може човек да се качи до пералната нешто да остави“.

Си мислам добро некогаш не можеш веднаш да го фрлиш шутот од цигли, плочки ама па цела година пред врата да ти стои и самиот да се спонуваш од него, значи покрај тоа што ќе ги нарушам соседските односи си штетам и сам на себе.

Слушам дека и тие од 3-ти се имаат искарано со тие од 2-ти поради многу тропање. И кога ќе се сретнат поглед не разменуваат од тешките зборови кои си ги имаат кажано еден на друг...Како може некој да издржи кога комшијата со бормашина прави дупки во ѕидот, а он веднаш тропа и вика полиција кога јас еден ден во годината славам именден заради „неподносливата бука и музика“.

Што си беше убаво порано. Можеше да заѕвониш кај соседот и да побараш чаша брашно, зејтин па да му ги вратиш кога ќе купиш... Имало добрина, имало компромис и разбирање меѓу луѓето. А, денес ?

Добрососедски односи повеќе нема.Луѓево немате основна култура и поим што значи да се живее во заедница. Ако на некој нетшо му пречи, слободно момже да отидет и да си изгради куќа, па да си биде мирен.