Кога ви треба помош - научете добро да ги набљудувате луѓето

 

Немојте да ве залажува вашиот став за луѓето што сте ги стекнале во моментите кога сте биле добро, кога сте имале пари, кога сте жнеле успех на различни полиња, бидејќи она што луѓето ви го зборувале и ви го правеле тогаш е повеќе поради она што сте го направиле и постигнале.

Кога ви треба помош во животот, научете добро да ги набљудувате луѓето бидејќи луѓето немаат само едно лице, луѓето имаат сто други маски кои ги користат во различни ситуации по потреба. Кога ви треба помош во животот, знајте дека нема да ја добиете од оние од кои цело време очекувавте, оние кои се правеа големи алтруисти и хуманитарци, оние кои често го спомнуваат зборот пријател, човек и користат такви фрази за да ви го стопат срцето со нежност.

Кога ви треба помош во животот, научете добро да ги набљудувате луѓето, бидејќи тогаш најдобро ќе видите дека луѓето се различни. Ги има оние кои ќе ви помогнат, без жалење и потценување, и оние кои ќе ви поставуваат услови и ќе побараат некој последователен интерес за тоа што ќе ви помогнат. Ќе видите дека оние кои се моќни, оние кои имаат многу, оние кои се преправаат дека се добри брзо ќе исчезнат, а ќе има неколку луѓе кои навистина ви се вистински пријатели.

Кога ќе ви треба помош во животот, ќе доживеете вистинско изненадување помешано со шок.

Прво ќе бидете изненадени од оние од кои сте очекувале помош, а исчезнале без трага, а потоа ќе бидете позитивно изненадени од оние кои ви помагаат, а не сте очекувале од нив. Ова знаење нека ви стане показател во кој правец ќе оди вашата иднина, кои луѓе ќе ги цените како капка вода на дланка и од кои ќе го кренете сидрото и ќе започнете нов живот без нив.

Марио Жувела