Кога ти е најтешко, биди свој и пеј

Биди свој, воопшто не се грижи за тоа што зборуваат луѓето, мораш да се чуваш себеси, не се продавај и предавај. Тоа секој пријател ќе ви го каже.

Кога ќе навјасаат ратите за кредити, кога ќе ја изгубиш работата, кога ќе сфатиш дека тој/таа те изневерува, кога си на работ и не гледаш излез...

Знам, си викаш дека мене ми е лесно да зборувам, а тебе ти е тешко да издржиш. Во таа болка пријателите велат да останеш силен и свој, да не попуштиш, да не клекнеш пред неправдата. Како да го издржиш сето тоа?

Седни. Свари си чај, отвори го прозорот и пушти музика. Љубовна. Музиката може да те извлече, песната може барем малку да ти помогне. Но, мораш да пееш и ти. И ако немаш премногу талент, сепак мораш да пееш. Како што песната оди понатаму, така и товарот на срцето ќе биде сѐ помал. Верувај ми.

Исплачи го очајот, со солените солзи испери ја немоќта, оваа ноќ посвети ја на излегување од мракот. Сети се на мајка ти и татко ти, сети се на браќата и сестрите, сети се на патувањата, сети се на Божиќ и семејните прослави.

Можеш, врати си ја вербата и храброста. Не си сам. Никогаш повеќе. Биди свој. Кога еден ден децата ќе те прашаат како живееше, ти кажи им: „Многу лесно, кога ми беше најтешко пеев за љубовта.“