Кога се очекува првиот снег во Скопје?

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата.

Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на денот мраз не се најавува. 

Октомври според предвидувањата ќе биде исполнет со температури кои наутро ќе се спуштаат околу нула, но затоа во текот на денот редовно ќе достигнуваат 20 степени.

Врнежи барем според тоа како сега стои ситуацијата не се очекуваат. Втората половина од месецот ќе имаме пониски температури, но падот ќе биде за два до три степени од тоа што го имаме во моментов.

Ноември се очекува да донесе повеќе облаци и повеќе врнежи кои во втората половина од месецот можеби ќе се префрлат и во снежни врнежи во котлините.