Кога се мачите да донесете одлука, поставете си го само ова прашање

Одговорот е поедноставен отколку што мислите.

Сите ние некогаш се мачиме да донесеме одлука.

Постои една мисла која можеме да ја прочитаме на многу места на интернет која вели: На последниот ден од својот живот, личноста која си ќе се сретне со личноста со која би можел да бидеш.“

Таа разлика меѓу едното и другото? Тоа е каењето.

Сите одлуки кои ги носиме влијаат на тоа што можеме да станеме во животот. И, дали одлуките кои ги носиме имаат и колкаво е нивното влијание на тоа колку стануваме она што сакаме да бидеме?

Огромно е влијанието.

Затоа, секогаш кога носите одлука, запрашајте се себеси „Дали би се каел за ова?“ Доколку не можете да донесете одлука за изборот меѓу две нешта запрашајте се “За што повеќе би се каел?“