Кога работите ќе тргнат наопаку, ни преостанува само една работа...

На сите им се случува тоа. Животот едноставно некогаш ни мава шамари и се случува да го „допреме дното“, односно да достигнеме екстремна точка на лоша среќа, неволја и очај. Чувствата, физичкото здравје, општествениот живот и кариерата одат „по ѓаволите“. Тогаш покрај нас остануваат само стравот и тагата. Секој минува низ вакви „тестови на судбината“. Драмите и лошите работи им се случуваат на сите луѓе и тоа е неизбежно. 

Велат дека животот е она што ти се случува додека ти планираш нешто друго. И сите треба го да запомниме тоа, за да можеме да останеме на нозе следниот пат кога ќе бидеме на ред за суровиот тест. Но, сепак ќе боли. Многу. 

Што чувствуваат луѓето во таквите моменти?

Најчесто се чувствуваат изгубено. Не знаат каде припаѓаат. Имаат чувство дека никогаш нема да им се случи нешто убаво и дека овие лоши моменти никогаш нема да пројдат. Чувствуваат дека се сами среде тие хорори. Состојбата дополнително се влошува со сите лоши мисли. 

Достоевски има напишано: „Страдањето и болката се неопходни: Од нив свеста станува поширока, а срцето поголемо.“

Вашата најголема животна грешка е стравот

Секој човек се плаши од непознатото и тоа е сосема нормално. Но, не можеме да ги предвидиме идните настани, ниту пак да ги спречиме. Кога проблемите ќе дојдат преку глава, кога имаме чувство дека се гушиме, ни остануваат само две опции: првата е да продолжиме да се гушиме и да се самосожалуваме, а втората опција е да се обидеме да го надминеме она што ни се случило и да продолжиме да одиме по својот пат. 

Изборот е ваш, одлуката е само ваша!