Кога нешто сакаме, животот ни го носи тоа кога најмалку очекуваме

Секој од нас посакува совршен тек на животот. Очекуваме, планираме, сонуваме, се надеваме. Сето тоа е нормален дел од нашето живеење. 

Често се соочуваме со стравови, па дури и неуспеси, особено кога мислиме дека не го добиваме тоа што многу го посакуваме.

Треба да сфатиме дека никогаш не можеме да го предвидиме секој чекор во животот. Умот не знае секогаш што е најдобро за нас, дури и кога мислиме дека е така. Некои работи се добра лекција, или пак шанса што отвора врата кон подобри можности. 

Кога немаме очекувања, тогаш можеме да се препуштиме на животот и не сме врзани за никакви резултати.

На пример, кога ја среќаваме својата симпатија? Кога најмалку очекуваме. Кога го купувате најдоброто парче облека? Исто така, кога најмалку очекуваме. Замислете си само дека секогаш кога ќе се случи нешто што не е во согласност со нашите очекувања, тоа го гледаме како нешто негативно. Што ако животот има подобар план за нас? 

Поентата лежи во тоа да одиме низ животот со отворено срце и да пуштиме работите да се случат. Не можеме да ги контролираме сите работи во нашиот живот, ниту пак да мислиме дека ќе се случат баш кога ние сакаме. 

Препуштете му се на животот и дозволете им на работите да се случат, а потоа самите да оцените дали е тоа добро и дали е вистинското место и време. Најдобро е да живеете како да немате грижи и очекувања. Уживајте во работите кои ви носат радост и изразете ги своите желби без страв. 

Верувајте дека универзумот секогаш ви го чува грбот. Важно е да бидете трпеливи и да не реагирате пребурно кога нешто што многу сте сакале, ви се лизнало од прстите. 

Секогаш сетете се – кога нешто сакате, животот ќе ви го донесе тоа кога најмалку очекувате!