Кога некој ќе ве стави на својот пиедестал, немојте да мислите дека ќе останете таму засекогаш

Кога некој ќе ве стави на својот пиедестал, тоа значи дека таа личност ве сака, ве обожава и го посакува најдоброто за вас. Но, не заборавајте дека тие можат да го сменат својот став во една секунда.

Можеби мислите дека заслужувате да сте на нивниот пиедестал и штом стигнете таму, верувате дека веќе не треба ништо посебно да правите за нив, дека не мора веќе да се грижите за нив, да ги освојувате и да ја покажувате својата љубов.

Немојте да мислите дека ако некој ве стави на пиедестал, дека никогаш повеќе нема да се симнете од таму. Не ги туркајте до ѕидот за да не можат веќе да поднесат, бидејќи ќе се свртат и засекогаш ќе заминат. 

Не е тешко да ставиме некого на пиедестал, не е тешко да се заљубиме и да гледаме со розови очила, но тоа не значи дека некој заслужува секогаш да остане таму. Не заборавајте дека некој може да ве погледне во очи и да сфати дека веќе не заслужувате да сте таму. Не ја занемарувајте нивната способност да ве избришат од нивниот живот засекогаш особено ако сте им згрешиле многу пати.

Штом го направат тоа, веќе нема назад. Колку и да се трудите, никогаш веќе нема да можете да се вратите таму каде што мислевте дека е најбезбедно и најубаво. Еден ден, љубовта ќе ја снема и веќе нема да можете назад. Веќе нема да бидете нивната омилена личност. 

Ако дојдете до моментот да натерате некого да ве спушти од пиедесталот откако ве поставиле таму, ве сакале и почитувале, знајте дека тоа е нивниот единствен избор. Дека навистина сте претерале. Не барајте да се вратите назад. Не заслужувате.