Кога родителите ќе си заминат засекогаш, светот се менува.
Photo by RDNE Stock project
Ништо повеќе не е исто. Одеднаш го снемува она чувство на безусловна сигурност, она прибежиште кое сме го земале здраво за готово. Не сме веќе ничие дете, барем не на начин на кој сме биле претходно.
Нема веќе раце кои не гушкаат кога ќе паднеме. Нема веќе оној глас што знаеше како да ја смират болката во градите. Нема веќе поглед полн со разбирање, дури и кога ништо не кажуваме. Животот станува потивок, постуден, потежок. Зашто нивната љубов беше како невидлив штит, нешто што не сме го ни забележувале додека било тука. Кога таа присутност ќе исчезне, кога ќе остане само тишината, чувствуваме што значи вистинска загуба.
Кога ќе останеме без родителите, без разлика дали имаме седум или седумдесет години, стануваме сираци. Не само затоа што некој ни недостига, туку затоа што заминува дел од нас самите. Делот што не создал, не чувал, не водел. Делот што верувал во нас кога ние самите не знаевме како понатаму.
И да имаме свое семејство, свои деца, свој дом – длабоко во нас останува тоа мало дете. Детето што тивко се надева некој повторно да му каже: „Сè ќе биде во ред.“ Детето што би дало сè за уште една прегратка од мајка, уште еден татковски допир по рамото, уште еднаш да го слушне оној добро познат глас, полн со љубов и топлина.
Но тој глас веќе не доаѓа.Тој дом, вистинскиот дом – го нема веќе.
И во таа тишина без нив, срцето се крши. Најдлабоко. Најтивко. Најболно. Зашто никогаш повеќе нема да бидеме истите. Зашто нив ги нема…а нивната љубов, ништо на овој свет не може да ја замени.