Кога ќе претерате со страста: Повреди кои можат да настанат за време на секс

Од вртлогот на страста не се јавува само впечаток, задоволство, опуштање и зближување со партнерот. Можат да произлезат и многу опасни повреди и инфекции!

Бидете внимателни во текот на сексуалните експерименти, за да не доживеете некоја од овие осум повреди, која може да има многу сериозни последици.

Губење на видот

Премногу интензивен оргазам, освен предизвикување на привремена амнезија, може да ви го оштети видот. Ненадејното надоаѓање на крвта и стеснувањето на вените и артеријата го зголемува притисокот и може да предизвика пукање на капиларите во очите. Како последница се јавува привремениот губиток на видот или трајно оштетување на видното поле.

Кршење на пенисот

Во текот на сексуалниот однос можно е да се скрши пенисот. Фрактурата е многу болна, а пенисот потоа најчесто посинува. Овој вид на повреда е многу ретка, а се јавува како последица од груб секс или ненадејни движења. Во текот на сексот се кине густиот слој на сунѓерастото ткиво, што доведува до неподносливи болки.

Проголтан кондом

Кај користењето на кондомите треба да бидете внимателни затоа што во текот на оралниот секс лесно можете да го проголтате. Ако тоа се случи, веднаш јавете се на доктор.

Оштетување на слухот

Освен губењето на видот, страствените играчи можат да добијат и оштетувања на слухот, како што се случило со еден кинески пар кој страствено се бакнувале и од големиот притисок на жената и пукнало ушното тапаче. Но, по брзо време на жената и се вратил слухот.

Привремена парализа на раката

Дури и љубовните гризања не се безопасни. Пар од Нов Зеланд толку биле понесени од страста што мажот силно ја изгризал жената околу вратот, а тоа предизвикало згрутчување на крвта. Згрутчувањето предизвикало привремена парализа на левата рака.

Изгубени предмети во анусот

Паровите кои сакаат да го зачинат својот сексуален живот понекогаш знаат премногу да се заиграат. Лекарите кои работат на итните интервенции ги издвоија 10-те најчудни работи кои се пронадени во анусот. Меѓу нив се: клучеви, шише парфем, клизма, детски играчки, сијалица, чаша, мобилен телефон, стаклена амбалажа од путер, куршум и вибратор. Сите овие предмети можат сериозно да ја оштетат слузокожата и гениталиите.

Напади од мачка

Експериментирање со позите во кревет можат да бидат опасни како и чувањето на домашниот миленик во спалната соба. Нападите од мачки се почести отколку што мислите, а експертите веруваат дека овие миленичиња напаѓаат бидејќи сакаат да го заштитат својот сопственик. Затоа изнесете го миленичето навреме од спалната соба.

Конјуктивитис

Високиот крвен притисок може да предизвика привремено губење на видот, а сперма во очите може да предизивка конјуктивитис. Исто така, можни се и зарази од полово преносливи болести, како што се кламидија и гонореја, но во многу ретки случаи.