Кога ќе падне првиот снег во Скопје?

„Кога ќе падне првиот снег?“ и „Каде за Нова година?“ се најчестите прашања во овој период на годината. Но, се чини дека оваа година почесто ќе го поставуваме првото прашање и во отсуство на новогодишна еуфорија ќе се радуваме само на првиот снег.

Додека, зимските центри и градовите кои се на повисока надморска височина веќе се израдуваа на првиот снег, ние во Скопје малку ќе почекаме. 

Според прогнозата на метролошкиот сервис accuweather температурите во декември ќе бидат над нулата и генерално ќе паѓа дожд. Првите врнежи од снег се очекуваат кон средината на јануари, следната година.

Јануари ќе биде сув, но студен месец. Февруари ќе биде нешто постуден месец со почести врнежи од снег и тогаш ќе може да се израдуваме на магијата која ќе донесе снегот.