Кога ја намалувате драмата во животот, го зголемувате просторот за вашиот внатрешен мир

Во моментот кога ќе почнете да го живеете животот со помалку драми, ќе видите дека секогаш можело да биде така.

Ќе се запрашате зошто толку енергија сте трошеле на работи кои не ви носеле ништо добро во животот, зошто сте и дозволиле на таа лажна драма да ги распрсне вашите соништа и наместо да ја живеете тајната на страствениот живот, вие сте живееле тајна на преплашен живот. Наместо да се трудите да посегнете по повеќе, вие сте земале се помалку и сте се прашувале зошто животот е неправеден.

Кога ќе почнете да го живеете животот со помалку драми, ќе ја обликувате судбината во правецот кој навистина го сакате, допуштајќи да ве води една невидлива рака, а ќе престанете да се однесувате како личност кој секогаш во другите ја бара вината за своите неуспеси. Ќе бидете пример за другите, а не предупредување и ќе сфатите дека целата разлика во квалитето на животот се сведува само на една работа: долгорочниот мир е поважен од моменталните задоволства.

Кога ќе почнете да го живеете животот со помалку драми и ќе почнете да ги контролирате вашите чувства, ќе сфатите дека единствена стратегија за моќ е да си бидете господар самите на себе и дека не е важно што ќе кажат другите и како ќе се однесуваат кон вас, туку како вие ќе го сфатите тоа на крајот. Затоа престанете да се жалите, затоа што тоа се методи со кои привлекувате уште повеќе негативни работи во вашиот живот, дури и ви делува дека постојат само негативни работи.

Кога ќе почнете да го живеете животот со помалку драми и ќе почнете да го игнорирате внатрешниот глас кој постојано ви вели дека е време за грижи, ќе почнете да уживате во малите работи, ќе сфатите колку време сте изгубиле давејќи се во стресот. Кога ќе ја намалите драмата во животот, ќе го зголемите просторот за внатрешен мир и ќе сфатите дека животот е прекраток за да го живееме како воена зона или непрестајна битка.