Кога би научиле да го гледаме светот низ детски очи...

Кога би научиле да го гледаме светот низ детски очи, би ја препознале убавината на облаците.

Кога би научиле одново да го гледаме светот низ детски очи, би се радувале на зајдисонцата, знаејќи дека сонцето повторно ќе изгрее следниот ден.

Кога би научиле одново да го гледаме светот низ детски очи, не би имало поделби меѓу луѓето врз основа на бојата на кожата, националноста, родот, верата...

Кога би научиле одново да го гледаме светот низ детски очи, не би постоеле војни, омраза, сиромаштија и страдање.

Кога би научиле одново да го гледаме светот низ детски очи, би ја виделе убавината во секој човек, стебло, камен, животно...

Кога би научиле одново да го гледаме светот низ детски очи, секогаш би живееле во сегашноста.

Кога би научиле одново да го гледаме светот низ детски очи, би биле незапирливи, разиграни, радосни, креативни, слободни, љубопитни и би имале отворено срце.

Кога би научиле одново да го гледаме светот низ детски очи, овој свет би бил многу поубаво место за живеење.

Кога би научиле одново да го гледаме светот низ детски очи, би знаеле дека сите припаѓаме на едно големо семејство.