Клуч на врата за Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени

Народната банка денеска ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови.

Согласно 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетни во целост зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра.

-Ја уверуваме јавноста дека вложивме исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање, рече Ангеловска-Бежоска на прес-конференција.