
Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски, на прес-конференцијата за Светскиот ден за борба против ракот, кажа дека во 2025 година фокусот бил ставен на засилување на раното откривање на ракот, преку опрема и зголемување на бројот на прегледи.
„Над 13.000 прегледи за дојка, вклучувајќи и мамографија, ултразвук, магнетна ресонанца, биопсија се направени во 2025 година. Ендоскопии, вклучувајќи ректоскопија, гастроскопија, колоноскопија, се направени околу 18.000 вкупно, со тоа што можам да кажам дека не сме задоволни од бројот на направени колоноскопии“, рече Клековски и додаде:
„Сите граѓани над 50 години да направат една превентивна колоноскопија и ги охрабрува сите возрасни да го направат тоа“, вели Клековски.