
Најави дека јавниот превоз во главниот град ќе се нормализира по подолг период. Новоназначениот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека 55 приватни автобуси ќе бидат вклучени од понеделник и уште 20 автобуси до Нова година.
Како што вети, до март, во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, ќе обезбедат уште 80 нови автобуси.
- Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици. Овој потег претставува сериозен исчекор кон подобрување и стабилизирање на градскиот транспорт, порача тој.