Ќе стави ли некој ред во автобусите? - Скопјани се возат како сардини

Дали Комисијата за заразни болести го заборави јавниот превоз?

Комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во престојниот период на празници, соопшти Министерството за здравство. Но, никаде не се споменува јавниот превоз и гужвата во автобусите. 

ЈСП од март месец ги редуцираше линиите. Освен што направи гужви во тие што возат не постигна ништо друго. Со тоа се создаде хаос на автобуските постојки, но и во самите автобуси.

Скопјани бараа поголем број на автобуси за да не се создаваат нови кластери од неподносливите гужви среде пандемија, но тие барања не беа доволни за градоначалникот да ги послуша. 

Не помагаа ни фотографиите кои граѓаните ги споделуваа по социјалните мрежи на кои се гледаат преполните автобуси, каде не се почитува ниту дистанца ниту пак донесените прописи за исполнетост до 75% во автобусот.