Ќе стане ли храната достапна само за богатите?

Високата инфлација која во моентов го потресе светот, а особено удри по буџетот на граѓаните во нашата мала земја, резултира кај голем дел од населението со промена во стилот на живот, како и одлуки за целосно отстранување или намалување на одредени трошоци, со цел просечната македонска плата да може да го искрепе семејството и месечните потреби.

Според Државниот завод за статистика(ДЗС) поскапени се цените дури и на лебот, маслото за јадење, млечните производи, овошјето и зеленчукот. Ваквата ситуација ги натера македонските семејства по три пати да го свртат маркетот со празна количка сѐ со цел да видат што е поефтино, што неопходно, што може да почека и на крај да одлучат дали воопшто ќе купат здрава храна за во домот, со оглед на високите цени кои ги има истата.

Дали здравата храна е достапна за сите или само за побогатите граѓани?

Во разговор за Фактор, нутриционистот м-р Илија Бузлевски, вели дека на светско ниво цените на храната растат, ниту развиените земји не се поштедени, а во некои делови од светот се чувствува недостиг од храна. Тој истакнува дека добро во целата приказна е тоа што во нашето поднебје имаме здрава храна во изобилство.

„Меѓутоа многу е важно да се разјасни таа табу тема која воглавно доминира во однос на достапноста на здравата исхрана и нејзината цена. Во програмите за здрава исхрана што ги изработуваме во нашиот центар сите хранливи продукти кои се ставени, истите се од нашето поднебје и кои за наша среќа ги имаме во изобилие. Таа храна не е ништо поскапа од онаа условно речено нездрава исхрана, односно т.н нездрави продукти, меѓутоа мора да се знае и разликува која е таа храна, да се познаваат принципите на комбинирање на таа храна, време на земање, количина, калориски внес, начин на спремање и т.н.  Од таа гледна точка Ви тврдам дека здравиот начин на исхрана пред сè зависи од нашата желба и подготвеност, нашата принципиелност и едуцираност за примена на истиот“, вели Бузлевски.

Храната е многу важна за нас и за нашето здравје. Истата може да ни помогне, но може и да не натера да се соочиме со големи здравствени проблеми.

„Мотивираноста за долг и здрав живот треба да биде основен двигател за примена на здрав начин на исхрана, пред сè од нас самите зависи да одбереме дали ќе се храниме здраво и со тоа ќе превенираме многу заболувања кои се причинител за огромна смртност дури и во светски размери. Со нездравиот начин на исхрана сами ќе придонесеме нашиот организам да заболи или да не биде отпорен кон многу заболувања односно нашиот имунитет тоа ќе го дозволи. Одлуката во најголема мера зависи токму од нас. Правилниот пат кон здрав и долговечен живот води покрај другото и преку здравиот начин на исхрана и со поскромен буџет можеме и доколку сакаме, имаме  желба и сме принципиелни да го одбереме најдоброто за нас,  ако се однесува на начинот на исхрана. Нездравиот начин на исхрана односно недоволната грижа за самите нас е предуслов за појава на различни здравствени заболувања“, додава нутриционистот.

Објаснува дека многубројните научни светски  трудови говорат за истото, дека неправилниот и нездрав начин на исхрана, доведува до здравствени проблеми кај 70 отсто од светската популација.

„Како најчести заболувања како резултат на погоре спомнатото се дијабетот тип 2,  кардиоваскуларните заболувања, дебелината кое преставува болест сама за себе, но е и предуслов за други заболувања, потоа бубрежни заболувања, малигните заболувања и т.н. Кардиоваскуларните заболувања на светско ниво се движат од 50 до 60 проценти од сите заболувања, а и морталитетот предизвкан од нив е на прво место во светот особено во индустриски поразвиените земји. Бројот на заболени од шеќерна болест е во подем, а неправилната исхрана е еден од клучните  фактори за нејзино настанување. Како што претходно спомнав вишокот на килограми односно дебелината сама по себе е и патолошка состојба, но таа е и погодно тло за развој на кардиоваскуларни и заболувања на локомоторниот систем, дијабет тип 2 итн. Јадеме за да живееме, а не живееме за да јадеме – е од суштинско значење! Изреките носат со себе многу позитивни пораки. За да успееме во животот покрај другото треба иницијатива, здраво тело  и енергија, а таа доаѓа преку исхраната. Затоа  луѓето треба здраво да  се хранат, да одвојат време за повремени физички активности, да бидат позитивни и

Според последните податоци, минималната синдикална кошничка за јули изнесувала над 47.000 денари.