Ќе се санира дефект, утре овој дел од Скопје без вода

Од скопски Вододов известуваат дека утре (четврток) поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на ул.Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од ул.Ленинова (потегот од булевар Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре). 

Прекинот ќе почне од 09:00 часот и ќе трае до санирање на дефектот.