Ќе се реши ли некогаш проблемот со кучињата скитници?

Кучињата скитници се на секој агол од Скопје. Тие ја чуваат својата територија, а скопјани исплашено треба да поминуваат покрај нив и да се надеваат дека нема да бидат нападнати. Гладни и жедни, на високи темпертури тие се оставени сами на себе, да се борат да преживеат, а често нивен плен е некој случаен минувач.

Речиси секојдневно, кучињата скитници се жестока тема за дебата помеѓу скопјани, а најмногу со поплаки се луѓето кои биле жртва на еден од нападите на овие кучиња. За жал, покрај големиот број на пријави за агресивноста на кучињата,  надлежните институции уште немаат пронајдено решение на овој проблем.

Па така, речиси секој ден до МВР стига по барем една пријава од граѓанин дека бил нападнат од кучиња скитници во некоја од општините на главниот град.

Според денешниот извештај на МВР, вчера, дваесет и тригодишен маж од Скопје пријавил дека бил нападнат и каснат од куче скитник на ул.1612.

Па со ова се отвора јасно прашање, дали, кога и како ќе се реши проблемот со кучињата и која институција е одговорна за да се справи и да ги спречи можните напади во иднина, врз луѓето, од страна на гладните кучиња кои се оставени на милоста и немилоста на улиците.