
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски информираше дека на денешната седница на Влада се донело одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата ,,Св. Еразмо " - Костозглобна во Охрид. За оваа намена како што посочи Николоски издвоени се 2 милиони евра.
„Св.Еразмо - специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија. Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти“, напиша Николоски.