Ќе се користат смарт табли, проектори и персонални компјутери во основните училишта во Центар?

Во тек е продолжението на 17. седница на Советот на Општина Центар, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.

Една од точките е и трајно користење на модерна опрема во училиштата во Центар.

-На дневен ред е давање согласност за усвојување на кварталниот финансиски извештај на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Годишната програма за 2023 год на КСП Центар Јадро, Предлог одлука за трајно користење на смарт табли, проектори и персонални компјутери во основните училишта - истакна Герасимовски.