„Ќе се игра фудбал во Шутка, но требаше да дојде вчера на Прочка“ - Врие од реакции за апсењето на Груби

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заврши со лисици на рацете, на влез во Македонија на граничниот премин Блаце. 

- Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од Кривичниот Законик, известија од МВР.  

На социјалните мрежи „побрзаа“ иронично да изреагираат за враќањето на Груби, ден по Прочка!

Еве дел од коментарите на „X“: