Ќе се гради нов плоштад зад „Capitol Mall“ во Аеродром

Ќе се гради нов плоштад зад „Capitol Mall“ во скопската општина Аеродром. 

Оваа вест ја сподели првиот човек на општината Тимчо Муцунски, откако завчера на оваа локација голем број граѓани и нивните деца се забавуваа на оваа локација во рами на манифестацијата „Среќно лето, весел распуст“. 

-На наше големо задоволство ви најавуваме дека истиот овој настан ќе прерасне во традиција и отсега секоја година ќе го организираме за најмладите аеродромци. Но, она што уште повеќе нè радува е тоа што од следната година ќе се одржува на целосно нов и реконструиран плоштад. Свесни сме за моменталните недостатоци и затоа наскоро ќе го вратиме стариот сјај на овој дел од Општина Аеродром, соопшти градоначалникот Муцунски кој додава:

-Децата се наше најголемо богатство и затоа имаме цел да организираме настани за нив во нови и реконструирани паркови.