Ќе се гради Логистичко-дистрибутивен центар во Скопје, најави Трипуновски

Во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека веднаш во летото 2024 година се пристапило кон реструктуирање на проектот – Модернизација на земјоделството, за кој претходно напомена дека претходната власт зела кредит од Светска Банка, а кој за време од 4 години имал многу слаба реализација помала од 10%.

„Ние за неколку дена од денес ќе имаме избрано компанија која што ќе го гради логистичко – дистрибутивниот центар во Скопје, истиот идната година ќе биде изграден“, посочи тој.

Трипуновски истакна дека во делот на проширувањето на просторните капацитети на АФПЗРР, распишан бил тендер, избрана била компанија и веќе до крајот на оваа година Агенцијата ќе имала модерна зграда.

Тој додаде дека за подобрено и поефикасно функционирање на службите ќе се подготви база на земјоделско земјиште во која ќе биде внесено сето државно земјоделско земјиште кое е земено под закуп, како и преглед на слободните површини.

„Во делот на проектот – Наводнување на Македонија, веќе се работи и за брзо ќе започне изведбата на терен во делот на системот Страиште, додека за системот Пепелиште до крајот на годината се очекува да биде избран изведувач“, појасни министерот.