Ќе протестираат мајките кои се на породилно отсуство

Мајките кои се на породилно отсуство в четврток ќе протестираат пред владата откако вчера беше одлучено од 23 месецов да се вратат на работа места родителите чии деца се до шестгодишна возраст.

Според најавите за протестот објавени од организаторите на Фејсбук, протестот ќе се одржи пред владата во четврток, од 17 и 30 до 19 часот, ќе бидат запазени сите мерки на заштита од коронавирусот, а пријавен ќе биде во полициската станица „Беко“.

Хронично болните и родителите се враќаат на работа.

-Барањата на мајките се породилното да се продолжи до крајот на годинава како што првично беше најавено, од повеќе причини. Прво, тие стравуваат дека во пракса нема да се изведе зголемување на бројот на деца во група од шест на дванаесет, зашто ниту има доволно време да се обезбеди простор и кадар, ниту градинките имаат капацитет, така што оваа мерка според нив ќе остане само теорија. Дури и да сакаат, нема да има место да ги запишат децата во градинка, најавуваат родителите кои ќе протестираат.