Ќе нема вода во Општина Чаир и Центар

ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека на ден 23.09.2022 година (петок):

-Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, на ул.Прохор Пчински бб (кај Албанска Амбасада), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Прохор Пчински, Јоаким Крчоски и Славеј Планина. (Општина Чаир)

-Поради дефект на водоводна приклучна цевка, на ул. Стефан Јакимов - Дедов 4, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Стефан Јакимов - Дедов , дел од ул. Владимир Полежиновски и ТЦ „Буњаковец“ (Општина Центар).