По големиот и многу зборуван концерт на балаканската ѕвезда Јелена Карлеуша во Скопје, утре се очекува спектакл на миленичката на публиката Теа Таировиќ чиј концерт е закажан за во арената „Борис Трајковски“.
- Теа ветува посебен концерт во свој стил, а веќе подготвува и посебни кореографии кои ќе ја остават публиката без здив, велат нејзините менаџери.
За во Скопје предновогодишно се најавени концерти на популарниот контроверзен српски рапер Десенгерица на 20.декември во спортскиот центар „Јане Сандански“, додека Саша Матиќ најави концерт на 21. декември исто така во „Борис Трајковски“.
Во декември, поточно на 25.декември исто во „Борис Трајковски“ доаѓа миленикот на македонската публика Аца Лукас кој е редовен гостин во Скопје.
За во февруари, на денот на вљубените 14.февруари идната година свој концерт во „Јане Сандански“ најави Милица Павловиќ, српската музичка дива.