Ќе имаме температури под нулата, еве ја временска прогноза

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

УХМР соопштува дека од понеделник утринските температури ќе се спуштат под нулата, иако во првите три дена од работната недела времето ќе биде сончево. Утрата и вечерите ќе бидат исклучително студени.