Ќе има ли крај: 10 јајца во јануари се продаваа за 82 денари, сега се 145

Растот на цените и натаму во фокусот на македонската јавноста. Како да се преживее со овие цени?

Според анализата на „Пари“ ако во јануари  литар масло за јадење беше 100 денари, сега е 142 денари.

10 јајца се продава за 82 денари, сега се 145. Килограм кравји кашкавал чинеше 314 денари, во август се продаваше за 529.

Септември се уште не е завршен, но цените не го следат трендот на светските берзи, каде полека се стабилизираат, туку, напротив, продолжија да растат. 

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека во вторник Владата ќе донесе дополнителни мерки за да го заштити стандардот на граѓаните. Мерките за помош на компаниите пак, ќе бидат објавени во четврток.