Ќе доцни ли повратот од викендот без ДДВ?

Ќе доцни  ли повратот од  викендот без ДДВ. Парите од данокот за купените производи од 10 до 12 октомври треба да почнат да се исплаќаат за два дена. Но мерката го чека ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура и за кој максимум треба да се расправа 5 дена, односно до крајот на неделава.

Од министертвото за финансии велат штом биде изгласано прекројувањето на државната каса ќе почне и реализацјата на мерките од четвртиот пакет,  меѓу кој е и мерката  Викендот без ДДВ, како што и било претходно најавено.

Иако за време на продлжениот викенд се очекуваше граѓаните да потрошат околу 170 милиони евра, беа потрошени едвај 10 милиони евра.

Кај потрошувачите пак од поврат наместо првично предвидените 17 милиони ќе завршат 1 милион евра.

Целиот данок ќе им биде вратен на сите оние кои за време на викендот на ДДВ купиле домашни производи и ИТ опрема до 30 илјади денари и притоа ги скенирале фискалните сметки.

Засега не е предидено да има уште еден ваков викенд.