Ќе доцнат ли платите во ноември?

Можно е да доцнат платите во ноември. Бизнис секторот предупредува дека одолговлекувањето на ребалансот на буџетот, ќе значи дека ќе доцни и државната поддршка за компаниите. Фирмите чекаат Владата да им ја одобри помошта за исплата на плати. Според нивните планови, парите требаше да стигнат за исплата на октомвриската плата. Ако заради доцнење на ребалансот, помошта не стигне тогаш газдите или ќе чекаат за да исплатат плата или еднствно веќе немаат од каде да ја исплатат.

Државата им помогна на фирмите да исплатат плати во април мај и јуни. Од тогаш дел од компаниите се снаоѓаа и ги црпеа резервите во очекување на обновување на поддршката. Сега, вели Бошков за Сител, состојбата е лоша во сите сегменти.

Последниот пакет помош кој го усвои Владата, предвидува скалеста поддршка за исплата на платите во погодените компании. Колку потешко работи фирмата, толку ќе биде поголема субвенцијата, а ќе се движи од 14.500 до 21.700 денари.

За Ребалансот на буџетот трет ден се дебатира во матичната комисија за финасирање и буџет. Според деловникот, оваа расправа трае 10 работни дена, а потоа предлогот дополнет со амандмани оди на пленарна седница.