
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во вчерашното гостување во Канал 5 ТВ, се осврна и на Старата скопска чаршија, за која, како што рече Градот изготвува акциски план за заживување.
– Град Скопје отпочна со изготвување на анализа во Старата скопска чаршија. Тимови од градот извршија увид, во текот на наредните недели ќе ја презентираме анализата со конкретен акциски план за тоа што ќе се прави во Старата скопска чаршија, во кој рок и како ќе придонесеме да се подобрат содржините и таа да заживее, изјави Арсовска.
На прашањето што конкретно се барањата на граѓаните, Арсовска истакна дека тие не бараат многу. Напротив, како што рече, потребни им се основни услови за работење.
– Барањата на граѓаните не се мегаломански. Бараат основни услови за подобро да работат и да функционираат. Бараат начин како да заживее чаршијата и токму тоа е она што ние сакаме да го направиме, дополни Арсовска.