Киселите краставички се опасни по живот?

Брачен пар од Русија почина од труење со кисели краставички.

Во пресрет на периодот на подготовка на зимници српска лекарка појаснува како може да дојде до смртен исход од конзумација на само една тегла конзервирани краставички. Постои опасност храната која се конзервира да развие токсини кои произведуваат бактерија позната како Clostridium botulinium. Токму од таа бактерија во Русија почина брачен пар кои конзумирале тегла домашно приготвени краставички.

Д-р Јасмина Јовиќ Стошиќ од Клиниката за токсикологија во соседна Србија, за српски портал, појаснува дека станува збор за бактерија која се јавува при контаминација на храна која е веќе токсична. Болеста е позната како ботулизам и започнува со нагли симптоми, а доколку соодветно не се третира може да доведе до смртен исход. 

-Најпрвин се јавува мачинина, повраќање, грчеви во пределот на стомакот, дијареа, а потоа се јавува невролошко пореметување, предупредува докторката.

Најпрво се зафатени мозочните нерви при што доаѓа до блокада на движењето на мускулите на главата, нејасен вид, сувост на устата и отежнато голтање и краток здив, појаснува таа.

 Главен извор на ваквите бактериски инфекции се продуктите конзервирани дома.

- Оваа бактерија се развива во затворени амбалажи во кои нема воздух. Самиот токсин е отпорен на температура, па така најдобро би било да се уништи со готвење пред конзумирање на висока температура, доколку станува збор за храна која е наменета за готвење.

Еден од најважните показатели дека храната е контаминирана со бактерии е појавата на гас, односо поддувана конзерва или подигнат капак на тегла, појава на бели наслаги или заматена течност. -

Најважните совети се овошјето и зеленчукот кои се приготвуваат, приборот и сите кујнски површини да бидат идеално чисти, а приготвената зимница да се чува на соодветна температура.