Кисела Вода добива нова детска градинка

Општина Кисела вода добива нова детска градинка ,,Верверичка” наменета за 110 дечиња. Како што соопшти градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски градинката ќе се протега на површина од 525м2, во кои ќе има 4 занимални и една поголема просторија предвидена за сала за приредби и свечености.

„Согласно предвидената динамика на градба, треба да биде завршена до мај оваа година и ќе обезбеди квалитетни услови за предучилишно образование за преку 110 дечиња. Кога започнавме со работа, во Кисела Вода имавме листа од над 400 деца кои чекаа за упис во градинка. Денес речиси и да нема, благодарение на новите градинки кои ги отворивме и на проширувањето на капацитетите на постојните. Во изминатите три години направивме интервенции во вкупно 9 објекти. Со изградбата на ,,Верверичка" како и со завршувањето на новата градинка во Расадник и во Потстаница, општината веќе се движи кон целта да ја елиминира комплетно листата на чекање“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека неговата визија е јасна, а тоа е за секое дете од општината да има место во градинка. Според него со проекти, како и инвестициите во опремувањето на градинките, ќе овозможат услови за креативен и стимулативен развој на најмладите.