Кисела Вода денеска без струја, еве каде ќе нема вода во градот

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода. 

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.