
Голем број познати имиња од забавната музика на гала-концерт му оддадоа почит на човекот што ги создаде едни од најубавите хитови и за нив напиша повеќе од 700 композиции – едиствениот маестро Кире Костов.

„Летај галебе“ е насловот на концертот кој се одржа вчеравечер во Националната опера и Балет во режија на Дејан Пројковски, а под диригентската палка на Сашо Тататрчевски. Музички соработници се Дамир Имери и Владимир Костов, а настапи и голем камерен оркестар.

На концертот во чест на големиот маестро настапија Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Ѓоко Таневски, Биба Додева, Елена Ристеска, Лидија Кочовска, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Сефедин Бајрамов, Мустафа Имери, Александар Тарабунов. Ана Петановска, Елена Васова и Sugiya Makonami. Како гости ќе настапат и Љупчо Мирковски и Бобан Мирковски.


- Концертот беше посветен на маестро Кире Костов кој ги напиша најубавите безвременски хитови: Кога те нема, Само сеќавања, Штом се сака, 223305, Тајно моја и многу други. Честитки и до маестро Сашо Татарчевски кој мајсторски го водеше оркестарот составен од врвни професионалци, сподели нашата музичка дива Андријана Јаневска.