Километарски колони на „Партизанска“, пролетните попусти го наполнија Скопје Сити Мол

Колона од возила долга повеќе од еден километар попладнево беше регистирана на булеварот „Партизански одреди“, големите пролетни попусти го блокираа овој дел од Скопје и го наполнија Скопје Сити Мол. Граѓаните се нервозни, а несвојствено високите температури дополнително ја зголемуваат нервозата и притисокот. 

Пред нас е викенд и доколку се враќате од вашето работно место обидете се да користите некоја од алтернативните сообраќајници во градот, булеварот „Илинден“ или пак скопската обиколница. Доколку имате слободно време денес или за време на викендот поминете во најголемиот шопинг центар во Скопје за да уживате во големиот избор кој тој го нуди. 

Овој Мај месец во Скопје Сити Мол можете да ги најдете најголемите попусти и промоции кои брендовите ќе ги понудат на своите колекции во овој период.

Акцијата MID SEASON SALE е продажна акција во која учествуваат речиси сите продавници од трговскиот центар.