Километарски колони на „Евзони“, туристите со часови чекаат за влез во Македонија

Километарски колони возила се формирале на грчката страна од граничниот премин „Евзони“, каде што патниците чекаат со часови за излез од Грција и влез во Македонија.

фото: Архива

Според информациите од терен, возилата се распоредени во пет сообраќајни ленти, а времето на чекање за преминување на грчката граница е околу два часа.

И покрај застојот на грчка страна, од македонската страна, на граничниот премин „Богородица“, сообраќајот во моментов се одвива непречено. Според последниот извештај на АМСМ, засега нема подолги задржувања за влез во државата.

Најголемиот дел од патниците се македонски и српски туристи кои денеска се враќаат од продолжениот празничен викенд во Грција. Очекувано е зголемената фреквенција на возила да продолжи и во вечерните часови.