Килограм цреши во скопските пиљари чинат колку килограм месо!

Во маркетите и во пиљарите во центарот на Скопје, цреши се продаваат за 200, за 250, па и за 300 денари.

Еден килограм цреши граѓаните го плаќаат и по 300 денари ако пазарат на пример во пиљара во Центар, а пак, на пазарите можат да се најдат тројно поевтино. Кога пред неколку недели се појавија на рафтовите и на тезгите, црешите чинеа суво злато, но како им поминува сезоната, цената полека им паѓа, па потрошувачите можат полесно да си ги купат. 

На некое места, односно во маркетите и во пиљарите во центарот на Скопје, цреши се продаваат за 200, за 250, па и 300 денари. За споредба толку ќе ве чини и ако купите килограм месо.

На пазарите цените се поприфатливи. На пазарчето Буњаковец јаготките чинат околу 100 денари, а црешите 120 денари. На тезгите кај трговскиот центар „Бисер", кило јагоди се продаваат за околу 70 денари, а кило цреши за 100 денари. Во Чаир пак, цената на јаготки е 60 денари, а кило цреши е 100 денари. На Зелен пазар се наоѓаат јагоди и за 50 денари, а цреши за 80.

Ситуацијата не е поразлична и во соседна Бугарија, каде што исто така црешите чинеа суво злато. На „Фејсбук", Бугари објавуваа фотографии од цреши на пазар во Софија, на кои цената им беше 20 евра за килограм на почетокот на пролетта, на чија објава имаше реакции дека тоа е прескапо за нивниот стандард.